Финска слави бронза. Учениците на Оли Кунари ја победија Словенија со 3:0 (25:23, 25:20, 29:27) во натпреварот за бронзен медал на Европското првенство за мажи во Милано. Ова е прв медал за Финска на Европското првенство и први почести за „Суоми“ на големо првенство.
Секако дека ова е голема сензација на ова ЕП на кое учествуваше и Македонија, во групата која се играше во Софија.
Пред овој меч Словенија важеше за фаворит, ама еве на крај оваа бајка на Финска заврши со победа зи испишување на историја.
Познато е дека вечерва се игра големото финале меѓу Полска и Франција.










