Потпишана „Охридска декларација“ за подобра ракометна иднина за генерациите што доаѓаат!

54

Ракометната федерација на Македонија направи голем исчекор за развој на женскиот ракомет во нашата земја. Во рамките на „Трофеј Македонија“ го организираше Првиот женски ракометен форум, кој е прв не само во Макеоднија, туку на регионот.

Петте ракометни легенди: Индира Кастатровиќ, Андреа Лекиќ, Драгана Цвијиќ, Сузана Лазовиќ и Лидија Хорват ги раскажаа своите приказни, го споделија своето искуство и одговараа на прашањата од младите ракометарки.

По завршување на Форумот, европските и светски легенди ја потпишаа „Охридската декларација за развој и унапредување на женскиот ракомет“, со која се повикува на долгорочна соработка меѓу федерациите, клубовите, спортистките, тренерите, медиумите, институциите….

„Нашата цел не е само да создадеме подобри ракометарки, да создадеме систем во кој секое девојче што ќе ја земе ракометната топка во раце ќе има можност да сонува, да напредува и да стигне до највисокото ниво.

Од Охрид испраќаме заедничка порака: „Една игра. Една визија. Посилни заедно.“

Оваа Декларација претставува почеток на заедничка иницијатива за поврзување на женската ракометна заедница во Македонија и регионот и создавање подобра иднина за генерациите што доаѓаат.

ПретходноСуперкуп „Драган Василов – Цевка 2026“ – Васко Атанасов: „Одлично издание на мојот тим, особено во второто полувреме“
СледноСуперкуп „Драган Василов – Цевка 2026“ – Бобан Стајиќ: „Штета што не успеавме да ја израдуваме публиката, продолжуваме понатаму“