Селекторот на Словенија: Имаме план за Македонците, тие се физички многу силни!

117
ФОТО:instagram

Во вторник вечер од 20.45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана, Македонија на гости кај Словенија го игра својот меч од 2.коло во Лигата на Нации. По онаа вчерашна катастрофа, кога А-репрезентацијата го одигра својот најслаб натпревар во својата историја, ете шанса во Љубљана барем да се постигне гол. Оваа Македонија нема никакви шанси да стои нешто во нашата група, но мечевите со Словенија се нашата шанса да постигнеме барем некој гол, да не се бламираме и натаму.

Словенија вчера дома одигра 0:0 со Шкотска, но не воодушеви со играта.

Во пресрет на мечот со Македонија, селекторот на Словенија, Боштјан Цесар истакна за медиумите во неговата земја:

„Имаме план за Македониците. Прво треба да видиме каква е ситуацијата со одредени играчи. Реков и претходно, очекувам тежок натпревар. Јасно е дека ќе се подготвиме како што тоа беше за дуелот со Шкотска. Знаеме дека Македонија е физички силна селекција, и затоа мораме да ја држиме топката што повеќе во нашите нозе“ рече покрај другото селекторот на Словенија.

ПретходноСо Клоп некое ново лице на Германија: “Спремни сме заедно да минеме низ оган!“
СледноТаневски со три испити за осум дена: Прво утре со Русија, па Црна Гора и Шведска