Димитриевски прими гол во 91.минута за пораз на Рајо Ваљекано!

183

Навистина голем пех за нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски и неговиот Рајо Ваљекано. Попладнево во меч од 8.коло во Ла Лига, Македонецот и неговиот тим се поразени од домашната Осасуна и тоа со гол во судиското продолжение, поточно во 90+1.минута.

До тој момент и двете екипи имаа шанси, Столе одново беше одличен на голот на Рако Ваљекано, и кога се чинеше дека повторно Македонецот ќе има “чиста“ мрежа, дојде таа кобна прва минута од судиското продолжение и голот на Санчез за победа на Осасуна.

ПретходноСензација на стартот: Феникс ја урна Академија ФМП во дебито
СледноЦицмиловиќ: Беса е добар тим, сепак Воска Спорт и на овој меч ќе оди на победа