ЕХФ Куп: Алкалоид првиот меч со Ферлах го игра дома на 17 октомври, Бутел прво гостува

31

Познати се термините од 2.коло во ЕХФ Европскиот Куп во ракомет. Ракометарите на Алклоид, кои се победници во ова натпреварување за сезоната 2024/25 првиот меч ќе го играат дома со Ферлах и тоа на 17 октомври. Реваншот за седум дена се игра во Австрија.

Бутел својот прв меч против Горица ќе го игра на 17 октомври во Хрватска, а реваншот се игра во Скопје на 24 октомври.

Што се однесува до ГРК Охрид, познато е од пред неколку дека актуелниот победник на ЕХФ Купот, и двете средби со Спор Тото од Турција ќе ги игра на свој терен и тоа на 23 и 24 октомври.

ПретходноБоштјан Цесар: Заедно игравме со Седлоски, го познавам добро, сакам победа на Словенија утре!
СледноНема напредок во преговорите меѓу судиите и АБА лига