Салернитана со прва победа, ги совлада Џенова и Пандев (видео)

73

Екипата на Салернитана ја впиша првата победа сезонава во Серија А во седмото коло откако на домашен терен ја совлада Џенова со 1:0. Победничкиот гол го постигна Милан Ѓуриќ во 66. минута што е негов прв гол во најсилната италијанска лига по февруари 2015 година.

Во 73. минута во игра влезе Горан Пандев меѓутоа не успеа да ги раздрма своите фудбалери за барем бод. Салернитана е на 19. место со 4 бода, а Џенова е на 16-тото со бод повеќе.

ПретходноПМФЛ: „Лавовите“ се спасија од пенал, “сино“ славје во Штип, Шкендија конечно убедлива…(ВИДЕО)
СледноГури блеска, Шкендија конечно покажа зошто е шампион!