Претседателот на Македонскиот олимписки комитет, Даниел Димевски, денеска приреди прием за македонскиот боксер Ален Рустемовски и претставници на Националната бокс федерација, по повод освоениот бронзен медал на Европското првенство во Софија.
Рустемовски во изминатиот период оствари одлични резултати, освојувајќи две бронзени медали за неполни 30 дена – на Медитеранските игри во Таранто и на Европското првенство.
На средбата, Димевски го истакна успехот на младиот боксер како потврда за неговиот квалитет, посветеност и вложен труд. Претседателот на МОК најави дека институцијата ќе продолжи со директна поддршка за Рустемовски, но и преку конкретни програми за Националната бокс федерација, со цел дополнителен развој на овој спорт.










