Потврдени 32 репрезентации кои ќе учествуваат на Светскиот куп 2027

33
фото: CEV.eu

Комплетиран е списокот на сите 32 учесници на Светскиот куп во одбојка во 2027 година, кој во иднина ќе биде заменик на досегашните светски одбојкарски првенства.

Светската одбојкарска федерација (FIVB) денеска го потврди конечниот список на репрезентации кои ќе настапат на турнирот во Полска. Србија е последната селекција која го обезбеди своето место на шампионатот.

На Светскиот куп ќе настапат вкупно 32 репрезентации, а турнирот ќе се одржи во Полска во 2027 година.

Сите 32 учесници на Светското првенство во одбојка во 2027 година се: Полска, Италија, Франција, Словенија, Финска, Јапонија, Иран, Јужна Кореја, САД, Канада, Куба, Бразил, Аргентина, Чиле, Тунис, Камерун, Алжир, Бугарија, Германија, Украина, Белгија, Турција, Србија, Чешка, Грција, Романија, Холандија, Мексико, Порторико, Данска, Египет и Естонија.

ПретходноКожув тргнува со нов тим и амбиции за место меѓу најдобрите четири во Суперлигата
СледноЏилардино се врати во Парма, но овој пат како тренер