Скандал: Претседателот на Трабзонспор и потпретседателот на Бешикташ обвинети за обложување?!

50

Голем скандал со обложување го тресе турскиот фудбал, откако Турската фудбалска федерација суспендираше и упати на дисциплинска постапка дури 448 актуелни и поранешни клупски функционери. Станува збор за лица кои во последните пет години биле на функции во клубови од Суперлигата и Втората лига, а за кои е утврдено дека се обложувале додека биле на функција.

Меѓу имињата се и претседателот на Трабзонспор Ертугрул Доган, потпретседателот на Бешикташ Хакан Далтабан, како и повеќе актуелни и поранешни функционери на Галатасарај и Фенербахче. Од вкупно 448 лица, околу 171 биле поврзани со клубови од највисокото ниво – Суперлигата.

Паралелно се води и одделна истрага за наводни неправилности во работата на судиската организација. Во рамките на таа истрага се уапсени шефот на Централниот судиски комитет Ферхат Ѓундогду, неговиот заменик и уште пет лица. Истрагата опфаќа наводно влијание врз рангирањето, оценувањето и делегирањето на судиите, како и неправилности при испитите за судиски правила. Засега не е потврдено дека двете истраги – за обложувањето и за судиските неправилности – се директно поврзани.

Скандалот доаѓа по минатогодишната афера во која Турската федерација суспендираше 149 судии и 1.024 фудбалери поради наводна вмешаност во недозволено обложување.

ПретходноЕндрик не сака да грее клупа во Реал, бара да си оди во јануари
СледноТаневски: Во второто полувреме покажавме карактер, тоа го барам и во следниот циклус