Добри вести за Рома и Мурињо, капитенот го продолжи договорот

106

Рома и капитенот Лоренцо Пелегрини го продолжија договорот и сега е со важност до јуни 2026 година, пренесува „Газета дело Спорт“. Пелегрини ќе заработува по 4 милиони евра по сезона, со што стана вториот најплатен играч во клубот по новакот Тами Абрахам кој во пред сезоната дојде од Челзи.

Во новиот договор на Пелегрини е тргната откупната клаузула од 30 милиони евра што значи дека ќе нема минимум сума за која тој смее да го напушти „Олимпико“.

Летоска Тотенхем се интересираше за Пелегрини но препрека беше откупната клаузула.
Пелегрини игра добро оваа сезона под водство на Жозе Мурињо, а има осум голови и две асистенции во девет меча во сите конкуренции. Тој беше во составот на Италија за ЕУРО 2020, но отпадна пред почетокот на турнирот поради повреда.

 

 

 

ПретходноРоналдо фрустрирано го напушти „Олд Трафорд“ лут на Солскјер (ВИДЕО)
СледноЛазаров немаше свој ден, Нант освои само бод