Два нови меча од петото коло во Супер-лигата завршија без драми, фавортите на дело ги оправдаа своите улоги.
Е.Пелистер 2, најпријатното изненадување продолжи во победнички ритам. Нов на списокот на вториот битолски тим се најде Прилеп, кој на домашен терен беше убедливо совладан со 24-30.
Гостинскиот состав доминираше на средбата, сосема заслужено ги однесе бодовите дома, на полувремето водеше со 10-16, до крај немаше проблем да го приведе мечот во своја корист. Анастасијевиќ имаше седум гола, по пет запишаа Џикиќ, Димитриоски и Кузманоски.
На втората средба од истиот термин, Охрид без проблем славеше против Скопје со 37-25.