Покоњоли: Дали беше ова совршен меч? Не, но беше многу добар меч за Шкотска

296

Репрезентацијата на Шкотска, сосема легитимно, оправдано, и со огромна доза на заслуга вечерва во Скопје, во рамките од новото коло од Лигата на Нациите славеше над Македонија со 0:2, и ги освои трите бода.

Селекторот на шкотите, Себастијан Покоњоли, очекувано беше сосема задоволен од она што го виде на терен, од исходот на мечот, и нормално од освојувањето на трите бода.

„Игравме добар меч. Создадовме многу шанси. Го задржавме противникот да не даде гол. Добро се чувавме по црвениот картон. Дали беше перфектен меч за нас? Не, но видов многу добри работи вечерва. Промашивме доста ситуации. Да, мора повеќе голови да постигнуваме, зошто може промашувањата да не чинат многу. Мислам дека со тоа што одигравме добар меч направивме да бидеме подобри од противникот. Секогаш е тешко да се игра на гости. Навреме поведовме, тоа е многу важен момент за нас. Швајцарија ги освои бодовите тука, но ние создадовме многу шанси вечерва“ – изјави шкотскиот кормилар.

 

ПретходноЛига на Нации: Шпанија си ГАЗИ, Швајцарија со нова победа
СледноСедлоски: Тежок пораз, не сум навикнат на ова