Дома Други спортови Виз Ер Скопски маратон: Дарио Ивановски трет, Поп Арсова четврта, пиедесталот за...

Виз Ер Скопски маратон: Дарио Ивановски трет, Поп Арсова четврта, пиедесталот за Кенија!

273
Фото: Петр Стојановски

Денеска низ улиците на Скопје се одржа 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, кој оваа година се натпреваруваа рекордни 15.050 учесници од 63 земји.

Победник на овогодинешниот маратон е Дерик Нчороге од Кенија (2:12:56 час), зад него на второто место заврши Едвин Косгеи (Кенија), додека третото место му припадна на нашиот Дарио Ивановски, кој трката ја заврши со време 2:13:49 час.

Во женска конкуренција победи Долфин Ниагака од Кенија (2:32:06 час) пред нејзините сонароднички Мерси Кипкемои и Естер Какури. Од македонските атлетичари Андријана Поп Арсова Рашиќ заврши на четвртото место, оствари време од 2:49:37 часа.

Маратон – мажи
1.Дерик Нчороге (Кенија)                2:12:56 час.
2.Едвин Косгеи (Кенија)                  2:13:21 час.
3.Дарио Ивановски (Македонија) 2:13:49 час.
8.Жан Тосев (Македонија)              2:28:33 час.
10.Александар Арсов (Македонија)2:39:17 час.

Маратон – жени
1.Долфин Ниагака (Кенија)             2:32:06 час.
2.Мерси Кипкемои (Кенија)            2:39:40 час.
3.Естер Какури (Кенија)                    2:40:19 час.
4.Андријана Поп Арсова Рашиќ (Македонија) 2:49:37 час.

Полумаратон – мажи
1.Кенеди Роно (Кенија)                    1:05:27 час.
2.Хилари Кимаијо (Кенија)              1:06:12 час.
3.Џон Куриа (Кенија)                         1:07:00 час.
4.Муџахид Мислими (Македонија)  1:09:51 час.
6.Григоријан Никоски(Македонија)1:10:30 час.
10.Иван Пешовски (Македонија)    1:13:30 час.

Полумаратон – жени
1.Валентин Жебет (Кенија) 1:13:16 час.
2.Карен Чепквони (Кенија)  1:15:10 час.
3.Ненси Гитаига (Кенија)     1:17:25 час.
6.Дарија Крстевска (Македонија) 1:25:42 час.
11.Благица Јованова (Македонија) 1:32:09 час.
13.Душица Јанковиќ (Македонија) 1:34:41 час.

Трка 5км – мажи
1.Андреј Арсов (Македонија)          16.29 мин.
2.Гилмон Јунузи (Македонија)        16.35 мин.
3.Фредрик Урбом (Шведска)           16.44 мин.

Трка 5км – жени
1.Ирма Хајдари (Македонија)         19.43 мин.
2.Емили Ивановска (Македонија)  20.54 мин.
3.Лана Ивковиќ (Црна Гора)            21.01 мин.

ПретходноКошаркарите на Ангели со порака за Антонио Савевски: Вечно во нашите срца и мисли!
СледноВерстапен славеше во хаотичната трка во Малезија и ја оствари првата победа сезонава