Валенсија и Нено Димитријевиќ ја остварија и втората победа во новата сезона на шпанската Лига Ендеса. Вечерва на гостувањето кај Сарагоса, Валенсија предводена од нашиот репрезентативец успеа да ја оствари и втората победа (76-70), откако имаше континуирана предност во текот на целиот меч.
Гостите дозволија да ја загубат резултатски само третата четвртина, а се останато беше во нивна полза. Димитријевиќ беше стартер за гостите и за близу 24 минути на паркетот постигна 16 поени (4/8 за 2, 0/1 за 3 и 8/8 од слободни фрлаеа). Пред него со 19 поени во составот на Валенсија беше само Дубљевиќ.