Голчишта на Ајер и Кансело, Португалија ја продолжи победничката серија

52

Португалија славеше на натпреварот против Норвешка со 2:1 во натпреварот од 4-тото коло од Лигата на Нации. Мечот на „Драгао“ го обележаа прекрасните голови на двајцата дефанзивци Кристофер Ајер и Жоао Кансело.

Португалците подобро го отворија натпреварот и имаа неколку добри шанси пред норвешкиот гол, но гостинската екипа поведе во 36-тата минута со голот на Ајер. Само две минути подоцна Кансело постигна уште поубав погодок и донесе изедначување. Гонсало Рамос стави точка на мечот со гол во 79-тата минута, а до крајот на мечот Консеисао заработи црвен картон поради приговор, Со оваа победа Португалците ја продолжија победничката серија и останаа на првото место на табелата.

Во вториот меч од оваа група Данска го совлада Велс со 0:1. Стрелецот на голот за гостите беше Хојлунд во 75-тата минута.

Претходно„Лалињата“ повторно ја совладаа Србија, Грција и Германија одиграа празно реми
СледноКарвахал кариерата ја продолжува во Серија А?