МЗТ Скопје се враќа на европска сцена, Ираклис прв предизвик

24

МЗТ Скопје Аеродром по пауза од повеќе од 25 години се враќа на европската сцена, денеска со почеток во 19:00 часот, во спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе го пречека тимот на Ираклис во рамките на првото коло во ФИБА Еврокупот.

Ова е еден од трите фронта на кој македонскиот тим постави високи амбиции. Противникот е благ фаворит, но „сино-белите“ се надеваат на максимална поддршка до трибините и прва победа на европска сцена.

Покрај грчкиот тим во група со македонскиот првак се Тарту, Вурцбург, АЕЛ Ларнака и Џики Варшава.

Пред оваа средба, МЗТ Скопје приреди забава за своите фанови, пред спортскиот центар „Јане Сандански“. Почнувајќи од 17:00 часот, посетителите ќе може да уживаат во одлична музика со DJ Alen, вкусна храна, ладно пиво и други пијалоци, додека за најмладите навивачи е обезбедено цртање на лица во боите на клубот.

ПретходноСедумте бода не вратија години наназад
Следно50. Меморијал „Чајка“ – синоним на посветеност и љубов кон одбојката