Гросу Спорт Битола – Тиквеш 0:13 во меч од 1/16 финалето во Купот на Македонија. Ова значи дека кавадарчани се пласираа во следната фаза во најмасовното фудбалско натпреварување.
Стрелци на головите беа Лавал и Лукман по три, Елмас, Ацковски два, Сила, Окере два и Спасов.
Инаку мечот се играше во Неготино, а уште пред стартот се знаеше кој ќе оди натаму ако се знае дека Тиквеш е прволигаш а Гросу Спорт Битола е нисколигаш.
Треба дасе каже дека по првото полувреме беше 0:5, за да во второто полувреме тимот на стратегот Оливер Богатинов постигна уште осум голови.
Па така Тиквеш во 1/8 финалето им се придружи на Силекс, Арсими, Струга ТЛ, Пелистер, Македонија ЃП, Брера, Вардар, Башкими, Шкендија (А), Саса, Скопје, Новаци, Беласица и Брегалница. Последниот патник ќе го дознаеме по мечот Вардар Неготино – Работнички кој се игра на 14.10.2026.










