Меси се збогува со Аргентина со солзи, гол и две асистенции (ФОТО+ВИДЕО)

107
Фото: Фудбалска Федерација на Аргентина

Лионел Меси го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација во Буенос Аирес, на стадионот „Монументал“, против Бенин. Меси се прости во свој стил, бидејќи ја предводеше Аргентина до победа од 3:0 со еден гол и две асистенции.

Интересно е што Меси, капитенот и легендата на една од најугледните репрезентации, од националниот тим се прости против прилично слаб противник. Бенин е дури 93. репрезентација на ФИФА-листата. Никогаш не се пласирал на Светско првенство. Петпати успеал да настапи на Африканскиот куп на нации, последен пат минатата година, но никогаш не бил меѓу првите две репрезентации во групата.

Најголемиот се прости против анонимус, но откако освои сè

Сепак, Меси, кога беше најпотребно, беше тука и против најголемите. Сега ја заокружи блескавата репрезентативна кариера во која ги освои сите клучни трофеи: Светското првенство, две Копа Америка и олимпиското злато.

Меси е рекордер на аргентинската репрезентација по бројот на настапи (208), голови (126) и асистенции (69). Бенин и онака беше само повод Аргентина да се прости од својот капитен и еден од најголемите фудбалери во историјата.
Меси се збогува со Аргентина со солзи, гол и две асистенции. Погледнете го спектаклот

Ва, во 71. минута, од пенал го постигна својот 126. и последен гол за репрезентацијата, кој можете да го погледнете ТУКА. „Монументал“ тогаш експлодираше од воодушевување, а Меси по натпреварот плачеше.

Емотивен беше и за време на прошталниот говор по натпреварот:

„Не сакам да си заминам. Му благодарам на Бог што сум Аргентинец и горд сум што сум Аргентинец и што го остварив овој сон со сите вас“, порача Меси.

Аргентинците му приредија спектакуларно испраќање на Меси. На небото над Буенос Аирес, дронови ја исцртаа неговата десетка и ликот на Меси како го држи трофејот од Светското првенство.

Messi goes down the tunnel surrounded by his wife, his children, his teammates, his fans and the crowd chanting his name.
by
u/KramerDwight in
soccer

Меси го напушти теренот во солзи, во придружба на сопругата и децата, минувајќи низ шпалир од фудбалерите кои му аплаудираа, додека целиот стадион скандираше во чест на својот капитен.

ПретходноАгон Елези: Како да не ни е судено да го дадеме тој гол!
СледноМеси: Многу ме боли! Многу емоции, прво помислувам на мојот татко….