Аргентинците бесни – Какви магариња го направија ова?

1894

Лионел Меси стави крај на репрезентативната кариера, а Аргентина му приреди големо испраќање на „Монументал“. Сепак, и покрај спектаклот пред повеќе од 80.000 навивачи, церемонијата не помина без сериозен пропуст.

Особено внимание привлече шоуто со дронови над стадионот. Во еден момент беше прикажан ликот на Меси како ја удира топката со десната нога, што веднаш го забележаа навивачите.

Деталот предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, бидејќи Меси во текот на целата кариера е препознатлив токму по својата неверојатна лева нога.

„Мислев дека сум единствениот кој смета дека организацијата е катастрофа“, напиша еден навивач.

Други реагираа уште пожестоко:

„Какви магариња. Педесет луѓе го подготвуваат ова цел месец и повторно ништо не успеваат да направат како што треба.“

„Лео не го заслужува ова. Какви неспособни луѓе работат во Фудбалскиот сојуз на Аргентина.“

Дел од навивачите имаа забелешки и за целокупната содржина на испраќањето. Според нив, на церемонијата недостасувале фотографии и снимки кои би потсетиле на најголемите моменти од репрезентативната кариера на Меси, како и пораки од луѓето кои ја одбележаа неговата кариера.

Меси со Аргентина освои Копа Америка, Финалисима и Светско првенство, па токму поради тоа очекувањата од прошталната церемонија беа големи.

Сепак, наместо само за спектаклот, по завршувањето на церемонијата многу се зборуваше и за пропустот со дроновите.

ПретходноМакедонија е сигурна во третиот жешир во ждрепката за ЕП 2028!
СледноФилип Кузмановски постави нов рекорд во Гдањск!