Македонија е сигурна во третиот жешир во ждрепката за ЕП 2028!

274

Лошата серија на порази и игрите на репрезентацијата на Македонија во изминатава година не се ветувачки за иднината на националниот состав. Фудбалската репрезентација на Македонија разочара при последните настапи против Швајцарија (два порази со 3:0), Словенија (2:0) и Шкотска (0:2).

Оваа Лига на нации за нас е само еден лош експеримент и загубена шанса (реално, и немавме шанса) со посилните од нас во Б-дивизијата.

Главните квалификации, главната наша шанса, ќе биде од март следната година, кога почнува главната трка за местата кои водат на ЕП 2028. Ждрепката е закажана за 6 декември, а денеска се знае дека Македонија ќе влезе во оваа ждрепка во третиот шешир.

Квалификациите за ЕП ќе се играат со 54 селекции, што значи дека и домаќините Англија, Велс, Република Ирска и Шкотска ќе бидат во циклусот. Репрезентациите ќе бидат поделени во 12 групи, од кои половина ќе бидат со пет, а половина со четири репрезентации.

На завршницата директно ќе одат победниците во групите, како и најдобрите осум екипи кои се второпласирани. Останатите четири екипи кои се второпласирани, а имаат лош скор, ќе играат баражи со победниците од Лигата на нации.

Во прилог на текстот е и изгледот на шеширите и можните ривали на Македонија во следниот квалификациски циклус.

За нас Лигата на нации завршува во ноември, кога гостуваме во Шкотска и играме дома со Словенија.

Без разлика кои се слабите или силните можни ривали – за нас е најважно ние да се средиме и да бидеме повторно конкурентни. Сега сме далеку од тоа!

ПретходноИраклис го пријави МЗТ Скопје во ФИБА поради политичкиот транспарент на „Фемили“
СледноАргентинците бесни – Какви магариња го направија ова?