Силва му се враќа на фудбалот: По три години во пензија, повторно на терен

90

Легендарниот шпански фудбалер Давид Силва на 40 години реши да ја прекине пензијата и повторно да заигра професионален фудбал. Силва потпиша за хонгконшкиот клуб Супрем Ша Тин, кој се натпреварува во највисокиот ранг во Хонг Конг. Клубот потврди дека Шпанецот наскоро ќе пристигне и ќе започне со тренинзи за да ја достигне потребната физичка форма.

Поранешниот играч на Манчестер Сити, Валенсија и Реал Сосиедад ја заврши кариерата во јули 2023 година, на 37-годишна возраст, по тешката повреда на предниот вкрстен лигамент. Со репрезентацијата на Шпанија освои Светско првенство и две европски титули, додека со Манчестер Сити четири пати беше шампион на Англија.

За Шпанија одигра 125 натпревари и постигна 35 голови, а сега ќе има можност повторно да биде на фудбалскиот терен, три години по официјалното пензионирање.

ПретходноГвардиола доби понуда од Балканот, од клуб каде што е тренер екс стратег на Шкендија! (ФОТО)
СледноНено фантастичен, Арис со нова победа!