Официјално:Инфантино доби противкандидат! (ФОТО)

53
фото: Football Tweet (X)

Поранешниот фудбалер на Тотенхем, Рамон Вега, потврди дека ќе се кандидира за функцијата претседател на ФИФА на претстојните избори во март. Вега е првиот познат противник на актуелниот претседател на Светската фудбалска федерација, Џани Инфантино, кој, како што самиот најави, ќе се кандидира за нов мандат.
Родителите на Вега се Шпанци, тој е роден и израснат во Швајцарија, како и Инфантино, кој, да ве потсетиме, го наследи друг Швајцарец, Сеп Блатер, на позицијата прв човек на ФИФА. Во својата кариера, покрај Тотенхем, играше за Селтик, Вотфорд, Грасхоперс, Каљари и Кретеј. Откако ја заврши професионалната фудбалска кариера во 2004 година, работи во финансиите.

„Се кандидирам за повторно обединување на глобалното фудбалско семејство, спроведување вистински и трајни реформи, модернизирање на ФИФА за 21 век, враќање на стабилноста и кредибилитетот и враќање на довербата што итно ѝ е потребна на нашата игра“
, рече Вега во соопштение за медиумите, според Би-Би-Си.

Инфантино, кој го шокираше фудбалскиот свет обидувајќи се да продаде удел во Светското првенство на приватни инвеститори, минатиот месец изјави дека е „целосно посветен на водењето на ФИФА“ и покрај тоа што УЕФА, КОНКАКАФ и Азиската фудбалска конфедерација побараа негово повлекување.
Вега ја разгледуваше можноста да се кандидира за највисоката позиција во ФИФА уште во 2015 година, по суспензијата на поранешниот претседател Сеп Блатер. Потоа не доби доволно гласови за да се кандидира за највисоката позиција.

ПретходноПартизан на Раул немоќен против Веспрем
СледноГвардиола доби понуда од Балканот, од клуб каде што е тренер екс стратег на Шкендија! (ФОТО)