Дуелот Скопје – Вардар ќе има и хуманитарен карактер

64

Овој викенд на стадионот во Автокоманда ќе се одигра првенствениот натпревар меѓу  Скопје и Вардар, но овојпат фудбалот ќе има и една поважна мисија – хуманоста.

Натпреварот е закажан за недела, 11 октомври, со почеток во 15:00 часот, а влезниците чинат 100 денари. Целиот приход од продадените влезници ќе биде наменет за Пират Владо Рафаиловски-Ермон, член на клубот, кој се бори со рак на желудникот.

Од ФК Скопје ги повикуваат навивачите да ја исполнат трибината и со своето присуство да дадат поддршка во оваа хумана акција.

„ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ ДА ПОМОГНЕМЕ!“ е пораката пред натпреварот.

ПретходноПеп се враќа на „Етихад“ да му даде целосна поддршка на Манчестер Сити
СледноБВА Куп: Наковски Волеј во четири сета поразен од ЦСКА (С)