За малку трагедија… паднал лифт со петмина кошаркари на клуб од Азербејџан

83

Мечот од ФИБа европскиот куп во кошарка, помеѓу екипите на Генце од Азербејџан и турскиот Еленсер Ероскор не би бил посебно интересен за напоменување, доколку во очи на истиот за малку не била избегната трагедија.
Гостите од Азербејџан избегнале класична трагедија откако лифтот во хотелот каде што биле сместени не пропаднал со петмина кошаркари во него. Тие биле повредени, не потешко за нивна среќа, а мечот потоа домаќинот го доби со голема разлика.

По натпреварот, тренерот на гостинскиот тим, Мартин Кнежевиќ, американски тренер со црногорско потекло остро ја критикуваше организацијата и раководењето со натпреварувањето.

„Конечниот резултат не ме изненадува, со оглед на тоа што петмина мои играчи се повредија кога претходната ноќ пропадна лифтот во хотелот. Да, токму во оној многу евтин хотел каде што нè смести Ерокспор“, изјави Кнежевиќ.

„Моите момци паднаа од висина од три ката и можат да се сметаат за среќни што не се здобија со повреди што би им го промениле животот. И покрај сè, на почетокот на третата четвртина заостанувавме само десет поени“, додаде тој.

 

 

ПретходноДАНИЕЛА АЛЕКСОВСКА И МАРКО ТРАЈАНОВСКИ ЌЕ ЈА ПРЕТСТАВУВААТ МАКЕДОНИЈА НА ИСТОРИСКИОТ FNC 34 ВО СКОПЈЕ!
СледноХаос и нова тепачка во соблекувалната на Реал Мадрид?!