Познато е што се случи кон крајот на минатата сезона во Реал Мадрид, кога наводната тепачка помеѓу Феде Валверде и Чуамени со денови ги полнеше страниците на сите светски портали, тимот остана без трофеј, а Флорентино Перез му се обрати на Жозе Мурињо, верувајќи дека Португалецот прво ќе го „изгасне огнот“ во соблекувалната со својот авторитет, а потоа ќе ги врати трофеите на „Сантијаго Бернабеу“.
Но, како што стојат работите, Мурињо не успеа во својата примарна намера.
Имено, „Кадена СЕР“ тврди дека двајца од играчите на првиот тим на Реал неодамна се степале. Веста ја објави и англискиот „Дејли меил“.
Имињата на тие играчи не се објавени, но новинарот Антон Меана тврди дека атмосферата во соблекувалната е сè уште многу лоша.
Килијан Мбапе предизвика дополнителна нервоза. Францускиот напаѓач ја напушти репрезентацијата откако го постигна победничкиот гол против Турција во Лигата на нации, а Француската фудбалска федерација објави дека ја повредил тетивата.
Мбапе се врати на тренинг и се очекува да биде подготвен за натпреварот на Реал овој викенд против Виљареал. Сепак, Мурињо наводно бил незадоволен од начинот на кој неговата најголема ѕвезда го спроведе закрепнувањето од таа повреда во Турција.
Пред да се врати во Мадрид, Мбапе бил забележан во ноќен клуб во Париз, а потоа се возел со велосипед во Швајцарските Алпи.
Проблемот е што Мурињо експлицитно им забрани на своите играчи да се занимаваат токму со такви активности минатиот месец.
Мурињо наводно имал сериозен разговор со Ембапе по неговото враќање и му рекол дека треба да биде повнимателен со своите активности надвор од теренот.
Под водство на Мурињо, Реал победи на пет од првите седум натпревари во Ла Лига, забележа два пораза и веќе е шест бода зад Барселона.










