Трет пораз за Вардар во Лигата на шампиони, Висла демонстрираше моќ среде Скопје (ФОТО)

150

Вардар 1961 запиша нов пораз во Лигата на шампиони, откако на домашен терен беше совладан од Висла Плоцк со 26-32 во натпревар од третото коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак имаше кратки добри минути, нешто што е недозволиво против еден противник како што е послскиот состав, кој демонстрираше одлична одбрана во Скопје. Ова беше трет натпревар по ред на кој Вардар не успеа да запише победа, па останува последен во својата група без освоен бод. На другата страна тимот од Висла за првпат слави против „црвено-црните“.

Фадуил со 14 гола од исто толку обиди беше прв стрелец кај македонскиот првак каде Малус имаше четири погодоци. На другата страна Бјере имаше 10 погодоци.

Одличен старт на Висла Плоцк за 0-3, првиот гол за Вардар го постигна Малус после четири и пол минути игра. Гостите продолжија со одличната игра во осмата минута поведоа со 2-6, Валах спречи негатива од пет гола. Иван Чупиќ повика тајм-аут,  но неговите момци не реализираа, Сердио зголеми на 2-7, а потоа заработи две минути исклучување. Од овој момент, македонскиот тим успеа да направи серија од 3-1 и да се доближи на 5-8. Одбраната на гостите беше врвна, па на средината на првото полувреме Висла имаше +6 (5-11).

После новите 6-12, Вардар ја искористи предноста од играч повеќе, со серија од 4-1 доближи на 10-13. Косоротов беше незадржлив (10-14), но најважно е дека македонскиот тим влезе во ритам. Следеше серија на одбрани и промшувања на двете страни од која прв излезе Вардар, во вистинско време ја врати драмата, Фадуил со два гола намали на 12-14. Малус со убав погодок пред одморот (13-15).

И повторно полскиот тим отвори одлично, со серија од 4-1 дојде на 14-19 после шест минути игра. Гогов влезе во серија, но неговиот тим тоа не го искористи максимално, па во 40-тата минута беше 16-21, доволна причина за нов тајм-аут на Чупиќ. Ништо не одеше како што посакуваа сите, „црвено-црните“ грешеа, па Висла во 49-тата минута со голот на Бјере поведе со +8 (19-27).

Во овој хаос, македонскиот тим успеа на кратко да ја искористи предноста од два играчи повеќе, но не и да приреди целосен пресврт. Висла одлично го исконтролира налетот на Вардар, не дозволи овој меч да заврши поинаку.

ПретходноИма само 14 години и може да го урне рекордот во Ла Лига!
СледноБарса си “гази“, Мелсунген го победи Нант