Тимо Вернер навистина нема среќа во Челзи. Имено тој е апсолутен светски рекордер во една “дисциплина“, а таа е поништени голови од ВАР. Имено за нешто повеќе од 1,5 година, видео технологијата на Германецот му има поништено дури 16 голови. Последен беше оној од вчера на мечот со Саутемптон.
Тимо постигна гол за 2:0, но бадијала славјето, ВАР му го поништи, и тоа оправдано, поради офсајд.
Сепак Вернер нема причина за тага, неговиот тим победи на крај со 3:1, а тој беше стрелецот на голот за 2:1.
Можеби токму затоа Тимо го нарекуваат и ВАР(НЕР) наместо Вернер.