Денеска се собраа и веднаш одработен и првиот тренинг, на теренот со вештачка трева во Ѓорче, за нашата млада репрезентација до 21.година. Селекторот Драган Канатларовски не сака да губи време во пресрет на квалификациските дуели за ЕП 2023 година во овој октомвриски циклус.
У-21 репрезентацијата на Македонија на 7 октомври гостува кај Ф. Острови, додека на 12 октомври, надежите ги чека исто гостување, и тоа кај Ерменија.
Нашата репрезентација вечерва ќе се комплетира по завршување на колото.