Во меч од 23.коло во шампионатот на Узбекистан, нов гол за нашиот репрезентативец Љупче Дориев за својата Согдиана. Сепак, бадијала голот и добриот настап кога Согдиана дома е поразена од Локомотива Ташкент со 2:3. Македонецот стрелаше во 68.минута за 2:2, и ова беше за него 14 гол со што е прв на листата на стрелците во тамошниот шампионат, има и пет асистенции со што Дориев не само што е најдобар играч на Согдиана туку и еден од најдобрите во целата елитна лига во Узбекистан.
Очигледно е дека Дориев не може да дава толку голови колку што неговата Согдаиана може да прими.










