Малески пред утрешниот меч во Куманово: Респект за Башкими, ама Струга ТЛ оди на победа

47

Утре во Куманово, со мечот Башкими – Струга ТЛ се затвора 9.коло од тековниот шампионат во ПМФЛ. Како што велат од таборот на Струга ТЛ, добро се работеше во текот на паузата и дека тимот е подготвен да го даде максимуимот на утрешниот меч во Куманово.

Во пресрет на овој натпревар свој коментар има напаѓачот Христијан Малески, кој говореше и за своето деби во дресот на македонскиот национален тим.
„Имаме почит кон Башкими, и покрај тоа што е на дното на табелата. Струга Трим Лум, како и обично, доаѓа на секој натпревар за да ги освои 3-те бода, па затоа во понеделник во Куманово се надеваме дека ќе ја оствариме следната победа во првенството“ – првично рече напаѓачот Христијан Малески, кој зборуваше и за атмосферата во тимот:

„Имаме одлична атмосфера, добро сме подготвени за овој натпревар, па се надеваме дека утре исто така ќе одиграме квалитетен натпревар и дека на крајот ние ќе бидеме тие што ќе уживаат во победата.“

Малески беше дел од репрезентацијата на Македонија речиси две недели, за која го имаше своето деби во натпреварот против Словенија на 29 септември. Во тој натпревар играше 29 минути, додека имаше можност да игра и против Шкотска во Скопјe.
„Сонот на секој фудбалер е да дебитира со дресот на својата земја. Искрено, не можете ни да го опишете чувството што го имате во тие моменти. За жал, работите не тргнаа добро за нас, но јас ќе бидам подготвен секогаш кога ќе ми се укаже можност да ја претставувам мојата земја на најдобар можен начин.“ – рече Малески, кој поканата за националниот фудбалски тим ја заслужи благодарение на своите настапи, и минатата сезона и на почетокот на оваа сезона.

Во досегашните 8 кола, Малески постигна 5 гола, додека верува дека оваа сезона ќе се покаже уште подобро отколку минатата сезона, кога на 33 натпревари постигна 16 гола.
„Зошто да не, верувам во себе и се надевам дека оваа сезона ќе го надминам бројот на голови што ги постигнав минатата сезона. Сепак, мојата најголема желба е да и помогнам на Струга Трим Лум со моите голови, и на крајот да освоиме трофеи.“ – изјави Малески, кој се очекува утре да го одигра својот 99-ти натпревар со Струга Трим Лум во натпреварите од Првата лига.

ПретходноВерстапен доминантен и во Сингапур
СледноРК Пелистер го прати Котар на позајмица во Будванска ривиера (ФОТО)