Ливерпул беше пред водство, но по црвениот картон доживеа тежок пораз на „Енфилд“

239
фото: Manchester City @ManCity (X)

Манчестер Сити славеше убедлива победа од 3:0 на гостувањето кај Ливерпул во дербито од Премиерлигата. Победата стигна во пследните 30 минути, откако Ливерпул остана со играч помалку.

Првиот дел заврши без голови, а клучниот момент се случи во 62. минута, кога Рајан Гравенберх доби втор жолт картон и го остави Ливерпул со играч помалку. Само три минути подоцна, Ерлинг Халанд го отвори резултатот и му донесе предност на гостинскиот тим. Во 68. минута, Жереми Доку зголеми на 2:0.

Конечните 3:0 ги постави Рајан Шерки во 78. минута, крунисувајќи ја одличната игра на Сити во вториот дел.

Со овој триумф, Манчестер сити испрати силна порака во борбата за врвот во Премиерлигата, додека Ливерпул ќе мора да бара начин да се врати по тежок пораз пред своите навивачи.

ПретходноКобна беше втората четвртина: Пелистер поразен во Струмица
СледноНесторовски со два гола го предводеше Славен до победа над Риека