Бразилец ќе вози за Хаас следната сезона во Формула 1

40
фото: Everything Formula @evrythngformu1a (X)

Бразилскиот автомобилист Рафаел Камара е избран за нов возач на Хаас во Формула 1 за сезоната 2027, каде што ќе му биде тимски колега на британскиот талент Оливер Берман. Според информациите на порталот „RacingNews365“, договорот меѓу Хаас и Ферари е постигнат за време на викендот на Големата награда на Сингапур, а официјалната потврда се очекува во текот на следната недела.

Камара ќе го заземе местото на Французинот Естебан Окон, чиј заминување од американскиот тим на крајот од 2026 година веќе беше најавено.

20-годишниот Бразилец е дел од возачката академија на Ферари и се наметна како еден од најперспективните млади возачи. Неговиот напредок во Формула 2, заедно со настапите на тестирањата со постари болиди на Хаас, очигледно ги убедиле челниците на тимот дека заслужува шанса во најсилното автомобилско натпреварување.

ПретходноПМФЛ: Башкими ја шокираше Струга ТЛ! Имаше ли пенал за стружани?!
СледноОсасуна го отпушти Рамис и го врати Арасате на тренерското место