Шест гола во Џенова, Кваљарела 17 сезона по ред ги тресе мрежите!

198

Дожд од голови на „Луиџи Ферарис“ во Џенова на мечот меѓу Сампдорија и Удинезе во 7. коло на Серија А. На крајот поделба на бодовите со резултат 3:3. Гостите водеа на полувреме со 1:2 Переира донесе водство за гостите, изедначи Страјгер со автогол, но Бето одново носи предност за „зебрите“.

Во второто полувреме Сампдорија направи пресврт со головите на Кваљарела и Кандрева, а тимот од Удине изедначи во 84. минута преку Форестиери.

Кваљарела е седмиот фудбалер во Серија А кој постигнал гол на 17 сезони по ред по Алфатини, Џани Ривера, Роберто Манчини, Роберто Баџо, Алберто Џилардињо и Франческо Тоти.

А Верона со 4:0 ја совлада Специја. Во првото полувреме реализираа Симеоне, Фараони и Капрари, а во вториот дел Беса го постави конечниот резултат.

 

ПретходноToтенхем не дозволи четврти пораз по ред, Вест Хем изгуби дома (видео)
СледноВМФЛ – ЗАПАД: Вардар го “освои“ Кадино, триумф и на Воска, Силекс е перфектен…