ВМФЛ – ЗАПАД: Вардар го “освои“ Кадино, триумф и на Воска, Силекс е перфектен…

879

Завршија сите пет мечеви од 6.коло во ВМФЛ – ЗАПАД. Во дербито во Кадино, Вардар со 3:0 успеа да го победи домашниот тим и да покаже дека знае да игра и да победува. Двапати стрелец беше Кристијан Костовски, а во листата на стрелците се запиша и Петар Љамчевски.

Воска Спорт одигра уште една добра партија и успеа да ја победи квалитетната Беса со 1:0 на нејзин терен. Овој меч се играше во Гостивар, инаку победнишкиот гол беше дело на Алиу.

Силекс остана перфектен. И во шестото коло успеа да победи, значи има шест од шест. Попладнево во Кратово домашните триумфираа со 5:0 над составот на Велешта.

Кораби со 2:1 и тоа на гости успеа да го победи Охрид. Домашните водеа со голот на Мазари, но затоа Муча и Мурати во самиот финиш со два гола му донессоа три бода на својот тим.

И во Тетово, Тетекс со 2:1 го совлада Гостивар. Спасовски и Демири, вториот од пенал, беа стрелци за тетовци, додека голот за гостите беше дело на Сунај Хасан, исто од пенал.

РЕЗУЛТАТИ – 6.КОЛО

СИЛЕКС – ВЕЛЕШТА 5:0

БЕСА – ВОСКА СПОРТ 0:1

КАДИНО – ВАРДАР 0:3

ОХРИД – КОРАБИ 1:2

ТЕТЕКС – ГОСТИВАР 2:1

ТАБЕЛА: Силекс 18, Кораби 13, Воска Спорт 12, Тетекс 10, Вардар 8, Беса 7, Кадино 5, Гостивар 5, Велешта 4, Охрид 3.

ПретходноШест гола во Џенова, Кваљарела 17 сезона по ред ги тресе мрежите!
СледноВМФЛ – ИСТОК: Саса е несопирлива, реми во Виница…