Алкалоид за ЕХФ Европскиот Куп ќе се загрева со Струга

37

Порано од сите останати тимови, а поради европските обврски, Алкалоид денеска ќе го одигра натпреварот од седмото коло во Супер-лигата. Тренерот Кирил Лазаров и неговите момци во Автокоманда го пречекуваат тимот на Струга. Натпреварот е закажан со почеток во 18 часот.

Алкалоид овој меч ќе го искористи како подготовка за она што следува викендов, а тоа е првата пресметка против Келаг Ферлах во ЕХФ Европскиот куп, која исто така ја игра на домашен терен, во сабота.

Што се однесува до Супер-лигата, Лазаров и неговите избраници во минатото коло беа совладани од ГРК Охрид на гостински терен. Ова беше прв пораз сезонава. На другата страна, противникот е во долниот дел од табелата, со скор од една победа, едно реми и четири порази. Оттука, јасно е кој ја има улогата на фаворит на денешната средба.

ПретходноЧаир го доби ривалот во ЕХФ Купот!
СледноФК Карпошово триумфираше на Балканското првенство во Софија