Добра вест од таборот на Левски Софија. Имено македонскиот репрезентативен стопер, Никола Серафимов во целост заздрави од повредата на раката и ќе биде во комбимнација за утрешниот меч со НЕЦ Нијменгем во Лигата на Конференции. Македонецот заедно со своите соиграчи денеска отпатува за Холандија.
Информациите од Бугарија велат дека само не знае дали ќе биде стартер или ќе ја чека својата шанса од клупата. Тоа зависи од одлуката на стручниот штаб на Левски, а во него е и нашиот Дарко Тасевски.
Колку за потсетување пред месец и повеќе на мечот со Славија, Серафимов се здоби со повреда на раката, па токму поради тоа не можеше да биде и дел од нашата репрезентација во Лигата на Нации во измнатиот циклус. Се надеваме дека во ноември ќе биде подготвен за дуелите со Шкотска и Словенија.










