Младинска ЛШ: Брера ја “парчоса“ Санта Колома, па си закажа двомеч со Хофенхајм!

139
ФОТО:.facebook.com/fcsantacoloma/

Браво момци! Брера – Санта Колома 8:0 во реваншот од 1.квалификациско коло во младинската Лига на Шампионите, во меч кој се одигра попладнево на стадиониот “Младост“ во Струмица.

Блескаше Шириќ кој постигна хет-трик, а стрелци беа и Сејменов, Василев, Ристов и Тренов. Па така со вкупни 11:0 Брера се пласира во следната фаза од ова натпреварување каде ја чека двомеч со германскиот младински тим на Хофенхајм.

Денеска струмичани испишаа историја, тие се првиот клуб од Македонија кој успеал да мине едно коло во квалификациите во ова натреварување, и тоа тие го направија со стил.

Иако четата на стратегот Ѓорѓе Стојчев имаше предност од 3:0 од првиот меч, и речиси се беше готово, сепак денеска пред своите фанови одиграа за своја душа што се вели, просто ја „распарчија“ Санта Колома и затоа секоја чест за нивниот настап.

Уште во 11.минута Сејменов стрелаше за 1:0, а во 19.минута беше 2:0 со првиот гол на Шириќ. До полувремето за 5:0 реализираа и Василев, уште еднаш Шириќ и Ристов.

Во продолжение од средбата немаше потреба да играат во тој висок ритам, а и несакајќи да го понижат гостинот од Андора, струмичани како да го намалија ритамот па следуваа само уште три гола, оној третиот на Шириќ, на Тренов и на Кулески за конечни 8:0.

Брера мечот го почна со: Трајков, Василев, Танчев, Димовски, Ѓорѓиев, Талески, Велков, Ристов, Танчев, Шириќ, Сејменов.

Играа и: Милев, Стојанов, Тренов, Бучков, Кулески.

ПретходноДиректорот на Баерн “распали“: “Играше како вистински гад!“
СледноИако не покажа црвени картони: Еве зошто судијата го остави Вилјареал со двајца играчи помалку!