Кошаркарскиот клуб Пелистер од Битола има нов претседател. Јован Кузмановски ја презема функцијата од Бојан Давков, кој се повлече од претседателската позиција по лична одлука, информираат од клубот.
Кузмановски е познат кошаркарски работник, а во новиот мандат најавува јасна визија насочена кон финансиска стабилност и остварување квалитетни спортски резултати. Во раководната структура остануваат спортскиот директор Предраг Созовски и тренерот Тане Спасев.










