Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра уште еден квалитетен натпревар во дресот на Арис, кој стигна до нова победа во Еврокупот. Вечерва во Солун падна италијанска Тортoна, над која грчкиот состав славеше со 88:68.
Димитријевиќ средбата ја заврши со 15 поени, четири скока и три асистенции за 23 минути на паркетот. Македонскиот кошаркар имаше значаен придонес во играта на грчкиот тим и средбата ја заврши како трет стрелец по Американците Морган и Робинсон.










