Баерн Минхен го доживеа првиот пораз сезонава, а загуби од Ајнтрахт Франкфурт со 1:2 во 7. коло на Бундес лигата. „Баварците“ водеа со голот на Горецка во 29. минута, но изедначи Хинтерегер три минути подоцна.
Во 83 минута Филип Костиќ ја затресе мрежата на Ноер и ги обезбеди бодовите за тимот од Франкфурт.
Последен пат Ајнтрахт триумфирал на гости кај Баерн во првенствен натпревар во ноември 2000 година и тогаш со истиот резултат 2:1.
И покрај овој пораз Баерн е лидер со 16 бодови, а Ајнтрахт ја запиша првата победа сезонава и има осум бода на 13. место.