Струга ТЛ со прва гостинска победа сезонава

64

Со потполна доминација, два гола, и десетина стопроцентни шанси и удари кон противничкиот гол, екипата на Струга Трим Лум денеска на Чаир обезбеди триумф од конечни 0:2, против домаќинот Шкендија Арачиново, во рамките од првиот меч од десеттото коло од ПМФЛ шампионатот.

По многу тежок терен за игра, што очигледно ќе е проблем периодиов, затоа што арачиновци своите мечеви ги играат како домаќини на Чаир, Струга ТЛ доминираше во текот на сите деведесет минути на овој дуел и заслужено победи.

Поточно, постигна два навремени голови, уште во првиот дел, а потоа беше далеку полесно.

Се започна со убавиот погодок на Бесмир Бојку кој што искористи еден отпадок на работ на шеснаесетникот, „распали“ по топката и го совлада Столевски.

Во 26. минута, Мартин Тодоров беше исклучен, а по ВАР проверката и досуден пенал за гостите. Марјан Радески сигурен реализатор за 0:2.

Потоа гостите имаа уште неколку ситуации за трет гол но истите не беа искористени.

Во вториот дел, слична ситуација на терен. Гостите стрпливо чекаа и чуваа водство, домаќините нешто се обидоа да поправат. Репрезентативецот Малески ја имаше шансата на мечот, кога по една контра изби сам, го мина и Столевски но поради лошиот терен, не ја зафати топката најдобро, и ја упати покрај празниот гол на Шкендија Арачиново. Арачиновци преку Енис Фазлагиќ имаа две ситуации, но за жал искуснито офанзивец истите не ги реализираше.

Оваа победа е првиот триумф на тимот на Струга ТЛ на гостински терен во оваа ПМФЛ сезона, и со неа стружани барем 24 часа со оглед на подобрата гол разлика од Шкендија Тетово се лидери на нашата најдобра фудблска конкуренција.

ПретходноСкандал во Бешикташ: Алимпијевиќ го испрати Турчинот во соблекувалната (ВИДЕО)
СледноОбрадовиќ по првиот пораз: Немам време да зборувам за ова