Екипата на Шкендија Арачиново по денешниот меч одигран во рамките од десеттото коло од ПМФЛ шампионатот на домашен терен против екипата на Струга ТЛ има сериозни забелешки за однесувањето на главниот судија на овој меч Влатко Илиоски.
Според арачиновци, во поразот од 0:2, Илиоски се однесувал крајно непрофесионално и на капитенот на домашните, Бесир Демири, во еден момент од мечот му се обратил со погрдните зборови, „мајмун неписмен“….
Па така, предмалку од Шкендија Арачиново излегоа со соопштение кое се однесува директно кон Фудбалската Федерација на Македонија, и во кое јавно се осудува однесувањето на Илиоски, и се бара негово санкционирање.















