ВМФЛ: Хет-трик на Ивановски за нова победа на Пелистер (ВИДЕО)

110
ФОТО:.facebook.com/FC.PelisterBitola/

Фудбалерите на Пелистер со убедливи 3:0 го совладаа Осогово во натпреварот од осмото коло во Втората македонска фудбалска лига, а апсолутен херој на битолчани беше Иван Ивановски, кој ги постигна сите три гола за домашниот тим.

Ивановски одигра блескав натпревар и со хет-трик го предводеше Пелистер до нови три бода, потврдувајќи ја ефикасноста на битолскиот состав пред домашната публика на стадионот „Петар Милошевски“.

Ивановски го отвори резултатот во 57. минута, потоа зголеми на 2:0 во 86. минута, а конечните 3:0 ги постави во судиското продолжение од мечот.

За Пелистер, овој триумф е важен чекор во продолжението на првенствената трка, особено по ремито без голови на гостувањето кај Беласица во претходното коло.

ПретходноБутел Скопје поразен на првата пресметка со Горица
СледноИнтер со пресврт до триумф во Болоња