Скопје – Шкендија 1:2 по првото полувреме од мечот од 10.коло кој се игра попладнево на Автокоманда во главниот град. И двата гола на тетовци паднаа до 9.минута. Прво Красниќи погоди од непосредна близина уште во 2.минута за 0:1 за тетовци, за да во 9.минута Димоски со убав гол, инаку негов прв во дресот на Шкендија, го удвои водството.
Искуснииот голман на домашните, Кристијан Наумовски едноставно не можеше ништо да стори. Откако ги прими двата гола, домашниот состав почна да игра што се вели. Борбени беа “пиратите“, сепак не креираа некоја посебна шанса за да дојдат до ублажување на водството. Дури во 45.минута преку Ангелов дојде до 1:2, резултат со кој се замина на одмор.















