Во јануари Атлетико (М) ќе се обиде да го добие Тимо Вернер

171

Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер, во јануари може да се пресели во Атлетико Мадрид. На почетокот на овој месец стана јасно дека 25-годишниот напаѓач е незадоволен од својата позиција во тимот и самиот побарал од својот агент да му најде нов клуб оваа зима.

Доколку ситуацијата не се промени, Германецот може да побара и трансфер од раководството на лондонскиот клуб следното лето. Според извештаите на медиумите, последната капка незадоволство за Вернер беше натпреварот во Лигата на шампионите со Јувентус на кој Тухел ги искористи сите пет замени, но Тимо остана на клупата.

Оваа сезона, Вернер одигра осум натпревари на кои постигна два гола и направи една асистенција.

ПретходноГвардиола криел пари на офшор сметки во времето кога беше тренер на Барселона!
СледноМакедонија, сепак, без Барди за дуелите со Лихтенштајн и Германија