Женската македонска ракометна сениорска репрезенатција активно работи веќе неколку дена во рамките од претстојната ЕХФ недела. Овој репрезентативен прозорец ќе биде искористен од страна на нашите девојки, предводени од селекторот Игор Марковиќ за максимална подготовка, тренинг, и воигрување за она што следува. А тоа е најпрво силниот пријателски турнир кој што го играме во Турција, а потоа и самиот Европски шампионат на кој што сме учесници.
„Овојпат решивме да останеме во Скопје и тука да работиме. Одиме максимално за да ја постигнеме формата која што ја посакуваме. Она што е добро е што сите девојки во моментов се здрави и се на тренинг, и посакувам така и да остане. Планираме да одработиме десетина тренинзи на кои основно ќе биде да се воиграме. Сето тоа што ќе го одработиме тука, планираме да го искористиме најпрво на турнирот во Турција, а потоа и на Европското првенство“. – изјави селекторот Марковиќ.










