Веќе неколку сезони Бесмир Бојку е еден од клучните играчи на Струга ТЛ. Повеќе од пет години се наметнува како лидер на тимот. Така беше и на гостувањето на Чаир кај Шкендија Арачиново. И не само поради прекрасниот гол уште во 9.минута, туку и поради се она што одигра на тешкиот терен. Бојку блескаше, а неговиот тим победи и тоа со стил со 0:2. Токму затоа играчот за врска на стружани според “СпортСпорт“ е играч на ова 10.коло.
Покрај него во идеалниот тим се Диако, Рочи и Радески од Струга ТЛ, потоа Мелиќи, Красниќи и Тамба (Шкендија), Талески и Николов (Вардар), Ефтимов (Силекс), Сила (Тиквеш).
ИГРАЧ НА КОЛОТО
БЕСМИР БОЈКУ
Тим: Струга ТЛ
Роден:03.01.1995 во Струга
Кариера: Македонија ЃП, Работнички, Шкендија, Шкупи, Фероникели, Струга ТЛ















