Вардар после првото полувреме против Нант на гостински терен има водство од 13-16. Ова е натпревар од петтото коло во Лигата на шампиони. Македонскиот првак игра одлично, и во одбрана и во нападот.
Нант отвори со 2-0, но македонскиот првак на крилата на Валах, на стартот на 11-тата поведе со 5-8, резултат по која домаќинот повика тајм-аут. Нант одговори, но Вардар нешто подоцна по нова одбрана на Валах и со вториот погодок на Георгиевски на средината на првото полувреме, за првпат поведе со плус 4 (7-11), пропушти да го зголеми водството на пет гола разлика.
Нант врати со 2-0 за 9-11, Чупиќ го искористи првиот тајм-аут. Љевар, реализира за 9-12. Истата позитива ја имаше и на пет минути до крајот на првото полувреме (11-14), откако Валах ја запиша 9-тата одбрана. Македонскиот првак не застанаа тука, Нант беше надвор од колосек, Да Силва зголеми на 12-16, направи техничка грешка за уште еден напад за плус пет. На одморот резултатот е 13-16.
Валах има 9 одбрани. Митровиќ 4 гола, Георгиевски три.










