Првиот човек на Ла Лига обвини: Методите на Реал Мадрид се исти како во нацистичка Германија!!!

47

Претседателот шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас се најде во центарот на вниманието на јавноста во својата земја поради коментар, кој што предизвика огромно незадоволство, пред се кај навивачите на Реал Мадрид, чудење кај неутралните, а секако одобрување во таборот на оние кои што се отворени противници на „Кралевите“.

Тебас во свој еден коментар на темата „Реал Мадрид“ и како најголемиот фудбалски клуб на светот се однесува, рече дека „Кралевите“ имаат методи идентични како оние на Гебелс, министерот за порпаганда во нацистичка Германија. Шокирачкиот коментар нормално дека одекна како бомба.

„Нивната цел е секогаш иста. Да повлекуваат потези што им одат во прилог, постојано да ги повторуваат поплаките, да поттикнуваат сомнежи и да посочуваат непријатели.Овој метод потсетува на пропагандните механизми што ги користел Јозеф Гебелс, министерот за пропаганда на нацистичка Германија. Систематско повторување, конструирање непријатели и подредување на фактите на наративот“ – рече Тебас.

Секако, Реал Мадрид како клуб веднаш реагираше со контра соопштение во кое што изјавата на Тебас ја нарече апсолутно неприфатлива и сериозна за човек што извршува така сериозна функција во шпанскиот фудбал.

Аналогно на сето ова, поведена е устрага за да се утврди дали и кој во оваа ситуација ги прекршил правилата на однесување, морални, етички и законски секако. Во рамките на своите надлежности, Врховниот совет за спорт побара од независно колегијално тело да покрене истражна постапка за да се утврди дали постојат елементи на прекршување на Законот за спорт. Оваа законска регулатива ги дефинира „јавните и општопознати дејствија што го нарушуваат спортското достоинство или кодексот на однесување“ како сериозни прекршувања.

 

ПретходноУште еден потенцијален наследник на Мајкл Керик… Еди Хау кандидат за клупата на Јунајтед
СледноСилекс влезе во победничка низа (ВИДЕО)