Алкалоид замина за Австрија по печат за третото коло во ЕХФ Европскиот Куп (ВИДЕО)

55

РК Алкалоид замина за Австрија каде го игра реваншот со Келаг Ферлах во Европскиот Куп на ЕХФ. На првиот натпревар избраниците на Кирил Лазаров беа доминантни и на домашен терен славеа со убедливи 31:22.

Предноста од девет гола е најава дека Алкалоид веќе широко гледа кон третото коло во ова натпреварување. Денеска ракометарите на македонскиот тим ќе го одработат и последниот тренинг пред натпреварот кој се игра утре (24.10) со почеток од 19:00 часот.

За постетување, токму Алкалоид е првиот македонски тим кој го подигна пехарот во ЕХФ Европскиот Куп. После една година пауза Лазаров и неговите момци се вратија во ова натпреварување.

ПретходноФИФА одлучи: Финалето на Интерконтиненталниот куп се игра во Доха
СледноВалах правеше чуда против Нант, а сега е дел од ТОП 5 одбраните на ова коло (ВИДЕО)